Централната Банка на Русија ја задржа референтната стапка на ниво 11%. Во исто време, регулаторот не го исклучува затегнувањето на монетарната политика во случај на зајакнување на ризикот од инфлација.

„Поради намалувањето на цените на нафта, стапката на раст на потрошувачките цени на месечно ниво се стабилизира на висoко ниво. Влошувањето на состојба на светските пазари на суровини и понатаму ќе бара адаптација на Руската економија.“– изјавија од Централната Банка.

Консенсус-прогнозата на ТАСС се совпадна со решението на Централната Банка. Сите 15 интервјуирани аналитичари на сесијата на Централната Банка на Руската Федерација беа сигурни дека Банката на Русија ке ја зачува главната ставка поради зголемувањето на инфлациските очекувања, несигурноста на буџетската политика и ризикот за понатамошно паѓање на рубљата .

Годишната инфлација во Русија во јануари 2017 година ќе биде помалку од 7%, а на крајот на годината околу 4%, исто така се нагласува во пораката на Централната Банка.

Според Росстат, инфлацијата во Руската Федерација од 19 до 25 јануари 2016 година пораснала за 0,2%, и од почетокот на 2016 година достигна ниво од 0,7%. Според истата информацијата, инфлацијата на годишно ниво на 25 јануари се намали до 11,5%. Но, исто така, инфлациските очекувања, според Централната Банка на Руската Федерација, во моментов растат.

Според проценката на Централната Банка, растот на потрошувачките цени на годишно ниво ќе се намали од 12,9% во декември 2015 година до околу 10% во јануари 2016 година, се нагласува во медиумите.

Реакција на рубљата

Веднаш по објавувањето на решението на Централната Банка на Руската Федерација, рубљата малку го зголеми растот кон еврото и доларот. Пред решењето на Централната Банка курсот на доларот беше 75,75 рубљи, а во 13:31 МСК курсот на доларот падна до 75,52 рубљи.

Курсот на еврото пред сесијата на Централната Банка на Руската Федерација беше на ниво 82,66 рубљи, веднаш потоа во 13:30 МСК падна до 82,43 рубљи.

Сепак, во 13:40 МСК рубљата го намалува растот поради брзо паѓање на цените на нафта до максимум на денешната аукција. Курсот на рубљата во однос на доларот при затворањето на вчерашната аукција падна за 50 копеики до ниво од 75,89 рубљи, еврото падна за 65 копејки и стигна до ниво од 82,85 рубли.

Прогнозата на инфлацијата

„Банката на Русија очекува во првиот квартал на 2016 година дека потрошувачките цени ќе се зголемат 8-9% според соодветениот период од претходната година. Има ризик во вториот квартал на 2016 година дека годишната инфлација ќе се зголеми поради ефектот на ниската база“- се нагласува во соопшението.

„Понатамошното намалување на годишниот раст на потрошувачките цени ќе продолжи“-изјави регулаторот. Според Централната Банка, на ова ќе влијае намалувањето на инфлациските очекувања и монетарната политикаа на Руската Банка.

Ризикот на оддалечување на целта до крајот на 2017 година ќе се зголеми, се нагласува во соопштението. Централната Банка во рамките на политика на инфлациско таргетирање има намера да ја постигне целта -инфлација од 4% во 2017 година. Регулаторот смета дека оваа цел е реална.

„Понатамошното намалување на годишниот раст на потрошувачките цени ќе продолжи. На ова ќе влијае намалувањето на инфлациските очекувања и монетарната политина на Руската Банка. Според прогнозата на Руската Банка, земајки го во предвид решението, инфлацијата ќе се намали до најмалку 7% во јануари 2017 година, а пак ниво од 4% на крај 2017 година. Сепак ризикот на отстапувањето на инфлацијата од целта на крај 2017 година се зголемува“ – изјави регулатор.

Исто така, Банката на Русија не исклучува затегнување на монетарната политика во случај на зголемувањето на ризикот на инфлација. Во исто време, Централната Банка го исклучи од сооштението ветувањето дека ќе ја намали главната ставка на една од следните состаноци.

БДП и цените на нафта

Намалувањето на БДП на Русија во 2016 година ќе биде значително споредено со претходната прогноза на Централната Банка. Периодот на дополнителната адаптација на економијата може ќе треба да биде во неколку квартали, – изјави регулаторот.

Цените на нафта во 2016-2017 години, веројатно, ќе бидат пониски од предвидувањата.

„Ако цените на нафта бидат на ниско ниво подолго време, тоа ќе донесе до зголемување на ризикот од инфлацијата и ризикот на финансиска стабилност, и во исто време неопходност за поголема адаптација на економијата во новите услови. Пречка на забавувањето на растот на потрошувачките цени може да биде подолго присутство на инфлациските очекувања. За да се намали ризикот ќе треба избалансирана буџетска политика на среден рок“ – изјави регулаторот.

За дополнителната адаптација на економијата може ќе треба период од неколку квартали.

Според прогнозата на Централната Банка на Руската Федерација, цената на нафта во 2016 година беше предвидена на 50$ за барел, а до ризична вредност од – 35$ за барел.

Претходно, претставниците на руската влада даваа различни проценки на динамиката на цените на нафтата во 2016 година – од 20$ до 40$ за барел. (ТАСС)