Според менаџерите на компаниите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во Република Македонија во март 2017 година е за 0.3 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на март 2016 година е зголемен за 3.3 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2017, во однос на февруари 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на претходниот месец.

Оценката за економската состојба на компаниите во март 2017 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на март 2016 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2017 година изнесува 65.3% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.5%, недоволната домашна побарувачка со 19.7%, недостигот на квалификувана работна сила со 16.3% и неизвесното економско опкружување со 12.6%.(Државен завод за статистика)