Според оценката на менаџерите на компаниите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2018 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на април 2018 година и изнесува 19.5, а во однос на мај 2017 година е зголемен за 3.0 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2018, во однос на април 2018 година, е поповолна во однос претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на април 2018 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на мај 2017 година. Се очекува бројот на вработените да порасне.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2018 година изнесува 67.4 % од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 23.0 %, недоволната домашна побарувачка со 18.7 %, недоволната странска побарувачка со 18.4 % и финансиските проблеми со 10.1 %.