Во услови на пандемија на коронавирусот трговијата меѓу Руската Федерација и Европската унија бележи пораст – од јануари до април изнесувала 70,3 милијарди евра. Како што забележа Марк Гојхман, главен економист на информатичко-аналитичкиот центар „ТелеТрејд“, Европа главно купува производи од нафтениот, гасниот и енергетскиот комплекс.

Во Евростат сметаат дека заживувањето на меѓусебната трговија е во корелација со ослабување на антикоронавирусните ограничувања – европската економија полека закрепнува од тешкотиите поради пандемијата од минатата година.Според прогнозата на Европската централна банка, веќе во првиот квартал од 2022 година, економските индикаторите на ЕУ ќе се вратат на понормално ниво и ќе фатат приклучок за натамошен раст.

 Според експертите интервјуирани од РИА Новости, ова само ќе ја зголеми побарувачката на руска стока. Досега, извозот го водат секторот нафта и гас, метали и хемиски производи, но руските производители имаат што да понудат.

На состанокот на неодамнешниот колегиумот на Министерството за земјоделство, вицепремиерот Викторија Абрамченко рече дека до 2030 година Русија може да влезе во првите десет добавувачи на храна во Европа. Така, минатата година беше забележено зголемување на  извозот за 20%, а за прв пат извозот го надмина увозот. До јуни 2021 година руските земјоделци пласираа во  странство производи во вредност од 12,5 милијарди долари.(РГ-РУ)