На крајот на декември 2019 година, официјалните девизни резерви на земјава изнесувале 3,262 милијарди евра, објави Македонската централна банка.

Во однос на претходниот месец тие бележеле зголемување од 21,1 милион евра. Анализирано по финансиски инструменти, најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (77,2 отсто) по што следуваат валутите и депозитите (13,4 отсто) и монетарното злато (9,3 отсто).

Претходната  2018 година, според НБРМ,  била завршена со девизни резерви во вредност од 2,867 милијарди евра.Тоа значи дека за една година девизните резерви на земјава пораснале за 395 милиони евра.