Индексот на индустриското производство во август 2020 година, во однос на август 2019 година, изнесува 90.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање од 8.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 12.3 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 18.0 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.2 %, Капитални производи за 12.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 45.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1 %. Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, изнесува 86.8.(Државен завод за статистика)