Странските инвестиции во првите шест месеци од годината изнесуваат 122,92 милиони евра и се за 13,3 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани, кога изнесувале 109,6 милиони евра, објави Народната банка на Република Македонија.
Најголем прилив на странски капитал во земјава во овој период има од СР Германија и тоа 15 милиони евра, потоа следуваат Италија со 8,6 милиони евра, Луксембург со 9,7 милиони евра и Лихтенштајн со 7,7 милиони евра.
Во јуни првпат годинава е регистрирано негативно салдо на странски инвестиции и има одлив од 3 милиони евра.Најголем одлив на капитал од Република Македонија има во Холандија, вкупно 17,2 милиони евра за шест месеци.