Млекара „Здравје Радово“ со својот функционален јогурт Здравје + оваа година учествуваше со специјализиран штанд на саемот за здрав животен стил во скопскиот хотел „Александар палас“. Најголемиот интерактивен настан посветен на здравиот животен стил, кој се оддржува по втор пат, предизвика голем интерес кај бројните посетители. Млекарата „Здравје Радово“ вршеше дегустација и презентација на начинот на производство и квалитативните вредности во својот функционалниот јогурт, кој стана хит меѓу потрошувачите.Zdravje 2
Виталност, енергија и хармонија беа трите столба на кои што работеа технолозите на млекара „Здравје Радово“ при создавањето на овој производ кој е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје. За деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје, функционалниот јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на консументите.
Во текот на саемот се подготвуваа и разни комбинации од овошје, житарки и функционален јогурт кои се препорачуваа како идеален и здрав оброк. Посетителите покрај во советите и дегустациите се забавуваа низ интересни игри каде што освојуваа подароци од млекарата „Здравје Радово“, а имаа можност да се дружат и со дуото ДНК кои беа специјални гости на штандот на Здравје +.
Инаку, и оваа година посетителите на саемот се информираа за најновите типови на програми за вежбање, дегустираа и консумираа здрава и органска храна, испробуваа голем број на спротски и фитнес справи и добиваа совети од врвни специјалисти како со исхрана и вежбање може да се дојде до подобро здравје.