Реномираната македонска компанија Млекара Здравје Радово, членка на Македонска – руска стопанска комора, со својот нов бренд функционалниот јогурт Здравје +, е горд поддржувач на уште еден македонски музички проект. Здравје + со гордост и особено задоволство застана зад новиот музички албум „Ако силно посакам“, на еден од најеминентни музичари на македонската музичка сцена Дарио, кој по кратка пауза повторно и се враќа на македонската музика. Тој пред новинарите, негови верни поддржувачи и промотери сиве овие години ја нагласи љубовта со која ги работеше сите 10 теми од албумот, наменети за неговата публика која знае да је препознае енергијата во неговата музика веќе неколку децении, – објавува порталот „Курир“.

Покрај албумот Дарио, промовираше и два нови видео спота- еден за преработката на песната „Една гитара“ на вонвременскиот доајен на македонската музика Јонче Христовски, и еден видео клип за темата „Што е мое ќе си дојде“.

– Здравје + јогуртот како и сите наши останати производи се внимателно создадени од 100% домашно млеко од Македонија. Свесни сме за квалитетот на македонското млеко, работливоста на нашите помали или поголеми фармери и чистотата на македонските пасишта. Македонија има традиција на квалитетно млеко, но нашата земја е со години и години препознавана по исклучително добра музика и песна. Ние како компанија имаме одговорност и обврска да застанеме зад проектите на македонските музичари, особено во време кога македонската квалитетна музика има се помалку медиумски простор. Дарио е еден од брендовите кои заслужуваат безрезервна почит и поддршка за сето она што до сега го направил но и допрва ќе го дава за македонската музика, – изјави Милка Исјановска, маркетинг директор на Млекара Здравје Радово.

Функционалниот јогурт Здравје + најавува поддршка на промоцијата на уште еден нов македонски музички албум, кој ќе се промовира идната недела, а се со цел користење на домашни квалитетни производи и слушање на домашна и квалитетна музика.

Млекара Здравје Радово започна со работа во почетокот на 2002 година, во еколошки чиста средина која го опфаќа пределот помеѓу планините Огражден и Беласица, на 10 км. оддалеченост од Струмица.

Во 2004 г. производството  се прошири со нов производствен капацитет во Куманово, со што се продолжи со традицијата на педесет години постоење и производство на поранешен ЗИК Куманово. Во 2011 г. започна со работа и новата фабрика во Струмица, со производство на нова палета производи УХТ – млеко.
2014 г. ја одбелезаа уште две нови инвестиции. Едната во новиот погон во Р.Е. Куманово започна производството на млечни намази, а втората инвестиција беше отворањето на сопствена фарма со висококвалитетни овци во регионот на Свети Николе. Почетокот на 2015 г. го одбележа промовирањето на новиот сегмент на работењето – млечни десерти, од кој прв се појави традиционалниот производ сутлијаш

Од почетокот до денес, забележлив е континуиран развој во производствената програма, раст на бројот на производи и бројот на вработени.
Со постојана работа и воведување на нови производи, проширен е асортиманот кој на почетокот го сочинуваа само десетина производи. Денес целокупниот асортиман опфаќа над 60 производи.

Развојот и успехот на Млекара Здравје Радово подразбира и зголемување на работниот кадар. Од почетните 8 вработени, денешната бројка изнесува 360.
Почетниот капацитет на дневна обработка на млеко од 2 500 литри, денес е зголемен на  над 120 000 литри.

Целокупната продажба и дистрибуција на производите се одвива во и од магацинот во Скопје, каде се наоѓа и дирекцијата на компанијата. Со дистрибуција се опфатени сите градови и населени места во република Македонија. Истата се одвива со возила од сопствениот возен парк.

Компаниската мисија е постојано следење на потребите на потршувачите и одржување на големата доверба која кон нас ја имаат тие. Сето тоа го градиме преку следниве ВРЕДНОСТИ :

  • Врвен КВАЛИТЕТ во сите области, почнувајќи од суровините, производството, дистрибуцијата, маркетингот и продажбата;
  • Највисоки СТАНДАРДИ во секој дел на работењето;
  • Постојана ОБУКА на кадарот на сите нивоа;
  • Доверливост и ПАРТНЕРСКИ однос со нашите добавувачи;
  • Грижа за подобрување на УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА по најновите стандарди;
  • Заштита на животната средина;
  • Општествена одговорност.