-Со голема радост и задоволство сакаме да го споделиме нашиот почеток со работа на новата подружница – Централна Кујна Скопје. Современа, безбедна и технолошки опремена кујна со дневен капацитет за подготовка на над 10.000 оброци. Горди сме на овој проект во кој вложивме многу љубов, труд и енергија. – соопштуваат од компанијата „Индустриски сервис“ ДОО Скопје.

Оваа семејна компанија е основана во 2002 година со 100% сопствен капитал. Денес,  компанија е лидер на пазарот во Македонија за организирана исхрана и индустриско угостителство како услуга наменета за потребите на индустријата.

Со работа започнува во 2002 година, а во првата деловна единица постигна раст и развој што  ја трасираше лидерската позиција на пазарот.

-Горди сме на нашиот успех како резултат на нашата посветеност кон основните вредности на интегритетот, чесноста и почитувањето на законите, – велат во компанијата.

Од почетокот на 2002 година, Индустриската служба ДОО подготви и служеше над преку 14 милиони (четиринаесет милиони) оброци без регистриран инцидент во врска со безбедноста на производите.

Клиенти на „Индустриски сервис“ се најголемите македонски компании Фени Кавадрци, Бучим Радовиш, Сокотаб Битола, Дрекслермаер Кавадарци, Лир Тетово…

Мисијата на компанијата е да се испорача најдобрата вредност на секој клиент, преку супериорна услуга, безбеден производ и докажан квалитет.

Во 2018 година „Индустриски сервис“ го започна најголемиот инвестициски проект во стратегијата за развој на компанијата. На своја локација, во скопскиот регион, во општина Гази Баба, изгради комплетно нов објект со најнова технологија и угостителска опрема за подготовка, дистрибуција и сервирање на храна, односно индустриско угостителство. Новиот објект во Скопје  има капацитет да подготвува и да сервира 9000 оброци на дневна основа, односно над 2.000.000 оброци годишно. Со тоа се  дуплира нејзиното производство.

Овој објект за подготовка на храна е најголемиот и најмодерниот угостителски објект од овој вид во Република Северна Македонија и воопшто во регионот.