Индексот на индустриското производство во август 2016 година, во однос на август 2015 година, изнесува 105.2.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи опаѓање од 10.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.9%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0%, Капитални производи за 60.8% и Трајни производи за широка потрошувачка за 69.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.6%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2016 година, во однос на периодот јануари – август 2015 година, изнесува 105.5. (Државен завод за статистика)