Индексот на индустриското производство во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, изнесува 104.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е на исто ниво, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 5.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.9%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.5%, Капитални производи за 25.4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 55.6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2017 година, во однос на периодот јануари – ноември 2016 година, изнесува 100.5. (Државен завод за статистика)