Индексот на индустриското производство во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, изнесува 95.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи опаѓање од 16.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 21.6%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 8.5%, Капитални производи за 4.0% и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.3%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.2%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2016 година, во однос на периодот јануари – ноември 2015 година, изнесува 103.4. (Државен завод за статистика)