Индексот на индустриското производство во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, изнесува 97.4.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи опаѓање од 7.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10.6%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерали и Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 6.1%, Капитални производи за 7.4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 20.9%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.3%
(Државен завод за статистика)