Индексот на индустриското производство во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 107.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст од 4.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 20.0 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 23.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.6 %, Капитални производи за 2.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.5 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 10.6 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари − декември 2018 година, во однос на периодот јануари − декември 2017 година, изнесува 105.4. (Државен завод за статистика)