Индексот на индустриското производство во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, изнесува 100.3.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележи опаѓање од 2.6%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 0.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.1%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 3.6% и Капитални производи за 8.1%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.2%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2017 година, во однос на периодот јануари – септември 2016 година, изнесува 99.9. (Државен завод за статистика)
Активности ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ПОЧНА ДА РАСТЕ, ВО СЕПТЕМВРИ ПОВИСОКО ЗА 0,3 ОТСТО