Индексот на бројот на работниците во индустријата во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, изнесува 103.3.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележи опаѓање од 0.5%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.2%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.2%, Капитални производи за 14.9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.1%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-септември 2017 година, во однос на периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 101.5.( Државен завод за статистика)
Активности ИНДУСТРИЈАТА ОТВАРА РАБОТНИ МЕСТА