Русија ќе се залага за создавање на голема Евроазија, која би била составена од Европската Унија и Евроазискиот сојуз и разните кинески иницијативи! Ова го изјавил помошникот на претседателот на Руската Федерација, Јуриј Ушаков.
-Тоа е корисно за нас и сметаме дека се потребни заложби за голема Евроазија која ги вкључува ЕУ и Евроазискиот сојуз и разните кинески иницијативи, – рекол прецизно Ушаков во интервјуто за телевизијата „Русија 1“.
Притоа, како што навел помошникот на претседателот, руската страна филозофски се однесува кон медиските шпекулации дека кинескиот „Еден појас – еден пат“ е на некој начин  кинеска апсорпција на целата планета.
-Ние филозофски се однесуваме спрема таквите мислења, бидејќи имаме одредени желби и идеи кои ги изложуваме на  форумот, и тие претставуваат одлична платформа за дискусија. „Интеграција на интеграциите“ – самата парола е добра, ние ја подржуваме, – додал Ушаков.
Првиот форум „Еден појас – еден пат“ е меѓународна иницијатива на Кина за усовршување на актуелните и создавање нови трговско-сообраќајни коридори кои  поврзуваат повеќе од 60 земји од Централна Азија, Европа и Африка.Тоа би требало да придонесе за развој на трговските и воопшто економските односи на Кина и овие држави.
Идеата за формирањето на „Економскиот појас – Патот на свилата“  прв пат го соопшти  кинескиот лидер во текот на својот настап во Астана во рамките на државната посета на Казахстан во септември 2013 година.
Билатерално,  Москва и Пекинг имаат што да понудат меѓусебно во економската свера.Минатата година трговската размена меѓу двете држави била зголемена за 24,5 отсто и ја достигнала бројката од 108 милијарди долари.Кинеските инвестиции во рамките на иницијативата „Еден појас – еден пат“ се корисни за руската економија, бидејќи го зголемуваат протокот на стоки на територијата на Русија.
Москва му пружи на Пекинг важна помош во рамките на Обединетите нации, подржувајки ги иницијативите на кинескиот претсдетел Си Џинпинг, вкључувајќи го „Еден појас – еден пат“.Русија стана и еден од главните испорачатели на нафта на Кина.
Си Џинпинг на завршетокот на минатонеделниот форум во Пекинг посветен на кинеската иницијатива „Појас и пат“ ремизираше дека во текот на неговото одржување биле потпишани спогодби вредни повеќе од 64 милијарди долари.
Притоа, рускиот претседател Владимир Путин  на овој форум изјави дека Москва ја разгледува можноста за поврзување на Северниот морски пат со кинескиот „Пат на свилата“.
-Големо внимание посветуваме на развојот на Северниот морски пат.Ја разгледуваме можноста за спојување со морскиот „Пат на свилата“, со што ќе се создаде глобална и конкурентска рута која ги поврзува северноисточна, источна и југоисточна Азија со Европа, – изјавил Владимир Путин.
Според зборовите на рускиот претседател, проект од толкава големина бара блиска соработка на евроазиските земји по прашањата на зголемување на прометот, изградбата на пристанишни терминали и логистички центри.