За успешните компании кои креираат иновативни производи ниеден пазар не е неосвоив.  А колку тој е далечен, поголем, поразличен и на него постои голема конкуренција, предизвикот е уште поголем. Македонската компанија за здрава храна „Виталиа“, членка на Македонско – руската стопанска кмомора,  уште одамна го прифати тој предизвик, и храбро чекори кон освојувањето на нови конкурентни пазари.
Со таа цел е и овогодинешното учество на најголемиот азиски саем, и еден од најголемите во светот “SIAL” Шангај, на кој оваа година изложуваат над 4300 успешни светски компании на 17 различни саемски сали, а се очекува присуство на над 112.000 претставници од компании и светски ланци на супермаркети. Целта на саемите SIAL низ целиот свет е да ги претстави глобалните трендови за храна и исхрана, да ги собере заинтересираните страни од секторот и да ги организира овие состаноци под симболот – иновација на храна. Затоа, посебно место во рамките на саемот зазема “SIAL Innovation” штандот на кој се претставуваат најиновативните светски производи претходно оценети и избрани од посебна комисија. На овој штанд се претстави и „Виталиа“ со линијата на продукти од колаген, инстант колаген, мусли со колаген и оризови каши со колаген,  кои претставуваат нов тренд во функционалната здрава исхрана.

vitalia-odi-cekor-ponapred-so-osvojuvanje-na-aziskiot-pazar-02.jpg

Самото учество во оваа избрана селекција на “SIAL Innovation” штандот е огромно признание за „Виталиа“, потврда за сите напори и заложби да креира иновативни здрави производи според потребите на модерните потрошувачи.
Саемите и индустриските изложби играат витална улога во воспоставување на лидерско место на пазарот и градење на ефикасна база на контакти. Изложувачите имаат шанса да ја презентираат најновата иновации, а истовремено да се стекнат со експертиза, да запознаат нови луѓе кои можат да бидат потенцијални клиенти и да добијат инспирација од светските трендови.(Виталиа)