Шефот на конгресниот и изложбениот центар “Патриот”, Владислав Болов вели дека “патните исправи на млади научници” ќе помогнат да се прикаже „значењето на одделните стручњаци и нивната работа“.
Руските стручњаци кои се занимаваат со иновативни проекти ќе бидат на форумот “Армија-2017” собрани во еден вид на клуб, со цел да бидат охрабрени да работат во Руската Федерација наместо да одат во странство, – им изјави деновиве на новинарите шефот на конгресниот и изложбениот центар “Патриот “, Владислав Болов, пренесува ТАСС.
”Иновацискиот клуб “ќе ги здружи силите на младите научници за да им го сврти погледот од странство во насока на домашната индустрија и наука. Клубот предвидува создавање на база на податоци, своевиден попис на младите научници, рече тој.
Болов појаснил дека оваа база на податоци ќе го покаже значењето на некои стручњаци и нивната работа и ќе им ги пружи потребните информации на развојните инжењери, кои се бават со развој во проектите од област на одбраната, за сите релеватни научници.
-Во овој клуб ќе бидат претставени нови проекти и ќе се врши нивниот избор. За таа цел ќе биде формирана посебна комисија за избор на најважните проекти, ќе се одржи натпревар и проверка на овие проекти, а најдобрите ќе бидат наградени”, изјави шефот на центарот “Патриот”.
Меѓународниот воено-технички форум “Армија-2017” ќе се одржи од 22 до 27 август годинава.