Инфлацијата во Русија моментално достигнува 5,1 процент годишно, а на почетокот на 2020 година ќе се врати на 4,0 отсто, изјави деновиве гувернерот на Банката на Русија, Елвира Набиулин.
-Инфлацијата е сега околу 5,1 отсто. Наскоро ќе соопштиме прогнозата за нејзиното движење до крајот на оваа година и веруваме дека на почетокот од 2020 година ќе се врати на бројката од 4,0 отсто, – рече Набиулин, според агенцијата Тас .
Според неа, врвот на инфлацијата помина во март и сега месечната стапка на раст веќе падна на ниво што одговара на целите на регулаторот.
-Ние проценуваме дека отстапувањето на инфлацијата од нашата цел беше кратко и временски не толку сериозно, – додала Набиулин.
Банката на Русија ја намали инфлацијата прогноза до крајот на 2019 година од 5,0-5,5 проценти на 4,7 проценти до 5,2 проценти, појаснува Тас.