„Витаминка“ АД Прилеп, членка на Македонско – руската стопанска комора, до јуни годинава остварила добивка на износ од 9,456 илјади денари и таа  е значително повисока во однос на истиот период лани кога изнесувала 7,540 илјади денари.

Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни  2020 година изнесуваат 1.190.390  илјади денари и во споредба со остварените во 2019 година за истиот период бележат  пораст од 4%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 4%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари- јуни 2020 година изнесуваат 1.135.465 илјади денари и во споредба со остварените во 2019 година бележат раст од 4%.  Растот  на вкупните расходи е во корелација со работењето во 2020 година за извештајниот период.

Во текот на извештајниот период не е одобрена дивиденда. Добивката од минатата година е рапределена во резервен фонд за инвестиции во матерјални вложувања.

Вкупните инвестиции во основни средства во 2020 година за извештајниот период  изнесуваат 53.255  илјади денари.

Вкупните единечни обврски по кредити  во овој период изнесуваат 1.028.390 илјади денари и во споредба со состојбата  на 30.06.2019 година бележат зголемување 26%.

За шест месеци годинава во “Витаминка” АД Прилеп  не се реализирани  дополнителни  нови вработувања.