Русија во 2021 година го зголеми извозот на производи кои не спаѓаат во енергија и суровини за 36 отсто и оствари промет од 191 милијарда долари, што е историски рекорд.

-Постигнат е раст практично во сите сегменти, но најмногу во областа на црната и обоената металургија, производството на вештачки ѓубрива, преработката на дрво, хемиската област, секторот за електрична опрема, – изјави директорката на Рускиот извозен центар, Вероника Никишина.

Како што додава Никишина,  пандемијата на корона вирусот создаде нови можности за домашните производители да влезат на светскиот пазар и да ги зајакнат своите позиции.

Според податоците, во првите 11 месеци од минатата година, најголем раст на извозот е остварен во хемиската индустрија – 54 отсто, металургијата – 52, комплексот за преработка на дрво – 43, машинството – 31 и прехранбениот сектор – 23 отсто.