Индексот на индустриското производство во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 104.0.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи пораст од 7.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 2.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18.7%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати , Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство
на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 27.0%, Капитални производи за 20.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.2% и Трајни производи за широка потрошувачка за 26.5%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на периодот јануари – јуни 2016 година, изнесува 101.2.( Државен завод за статистика)
Активности И ВО ЈУНИ ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ, ОВОЈПАТ ЗА 4 ОТСТО