Според оценката на менаџерите на компаниите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2018 година е за 0.1 процентен поен понизок во однос на претходниот месец, а во однос на јануари 2017 година е зголемен за 1.6 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2018, во однос на декември 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на декември 2017 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на јануари 2017 година. Се очекува бројот на вработени да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2018 година изнесува 66.5% од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 20.6%, недоволната странска побарувачка со 19.8%, недоволната домашнa побарувачка со 19.5% и неизвесното економско опкружување со 11.0%.