Руската Федерација зад себе има рекордна година кога станува збор за суфицитот, количината на злато, производството на нафта и извозот на гас и пшеница.
Како што наведуваат руските економисти, и покрај западните санкции, минатата година Руската Федерација соборила низа рекорди.
Централната банка откупила рекордни количини злато – 92,2 тони и земјата е на првото место во светот кога е во прашање количината на тој племенит метал. Уделот на златото на Русија во меѓународните резерви достигнал 18 отсто, а златните резерви ја надминале бројката од 2.000 тони.
Централната банка на Русија паралелно ги намалувала вложувањата во државни обврзници на САД.Речиси целиот американски државен долг кој го поседуваше Русија е распродаден.Во јуни минатата година уделот на државните обврзници во руските резерви не ја преоѓала висината од 10 отсто, а сега е приближен до нула.
На крајот од минатата година рускиот буџет имал суфицит и тоа за прв пат во последните седум години.Според претходните пресметки на руското Министерство за финансии, суфицитот изнесува 2,5 отсто од БДП на земјата.
Вкупниот јавен долг на Руската Федерација е еден од најниските на светот и изнесува 525 милијарди долари, додека, на пример, јавниот долг на САД изнесува 21.000 милијарди долари.
Руските граѓани, кога станува збор за рекордите, лани подигнале и највисок број на хипотекарни кредити.Според податоците на стручњаците, минатата година банките одобриле 1,17 милион кредити.
И во производството на нафта податоците се позитивни.Во минатата година Руската Федерација на ова поле е апсолутен рекордер во светот.Во октомври производството ја достигнало бројката од 11,6 милиони барели „црно злато“ дневно.На крајот од годината количината на извезен гас во Европа ја преминала границата од 200 милијарди кубни метри.„Гаспром“ за 11 месеци пласирал во светот повеќе од 179,9 милијарди кубни метри гас, што е за 2,6 отсто повеќе во споредба со истио период од 2017 година.
Русија минатата година извезе рекордни количина житарки.Според проценките на Министерството за земјоделство, за една таканаречена земјоделска година, Руската Федерација пласирала надвор од своите граници 33 до 34 милиони тони пшеница.