Ножеви кои никогаш не треба да се острат. Цевки кои не се загрозени од ‘рѓа. Топчести лежишта кои не се трошат. Сето ова не е фикција, туку реалност која стана можна благодарение на руски иновативни технологии. Иновативниот метод на нанесување ласерско- плазмени премази ќе овозможи намалување на цените на металите и легурите, а покрај тоа повеќекратно ќе им го продолжи рокот на траење. Оваа иновација ја патентираше компанијата “Оптогард нанотек” – една од 80 компании кои работат во рамките на техно-паркот “Сколково”.
-Уникатната технологија на рускиот стартап заинтересира голем број домашни и странски бизнисмени. Конкретни чекори за соработката направ кинеската компанија “Шандонг труспајп индустри ” (Shandong Trustpipe Industry), која сака да ја превземе оваа технологија и самостојно да ги произведува “вечните цевки ‘”, – изјави за „Спутњик“, Павел Смирнов, генерален директор на “Оптогард нанотек”.
-Тоа што нашиот проект го прави посебен е што во него е вкључена не само нашата сопствена технологија на нанесување на премази, туку составен дел е и целата потребна опрема со која се спроведува технолошкиот процес. Значи, нашиот “know-how” може да се продава само во пакет – технологија и опрема. Договорот потпишан со кинескиот партнер е првиот чекор кон градење на целиот производствен погон на самото место, во Кина. Финансирање на проектот, кој чини неколку милиони долари, се врши според планот и кинеската страна веќе уплати дел од парите , – додава Смирнов.
“Оптогард нанотек” не е единствениот жител на техно-парк “Сколково”, чии проекти и производи најдоа свои партнери во Кина. Шангајската авијациона корпорација (Commercial Aircraft Corp. of China — COMAC) ги користи производите на компанијата ОПТИМЕГА-777. Руската компјутерска програма овозможува за неколку пати да се намалат роковите и цената на проектирањето на авионските крилја. Во договорот кој го потпишаа Шангајската медијумска група и руски Ес-Пи-Би ТВ – водечка компанија во светот за пренос на телевизиски програми и видео содржини за мобилни телефони и таблети, им овозможи на странски клиенти пристап до нови платформи преку апликацијата Ес-Пи-Би ТВ и Е- Пи-Би ТВ Кина.
На листата на жителите во „Сколкова” е уште една компанија – “Рок флоу дајнамикс“ (Rock Flow Dynamics). Кинеските нафтени гиганти од Русите добија единствено програмско решение, кое им овозможува да работат со моделот на изворот во реално време и во режим на целосно интерактивни симулатори. -Во моментов повеќе од 30 наши компании веќе работат со кинески партнери или планираат во некое блиско време да се појават на кинескиот пазар, – вели претседателот на Фондот “Сколково”, Виктор Векселберг.
Но, тоа е само првиот чекор.
-Ние имаме многу интересни резултати, но сакавме повеќе. Проследена со многу силна политичка поддршка, нивото на научно-техничката соработка меѓу Русија и Кина, сепак, не е на задоволително ниво. Во секој случај, учеството на руски иновативни производи во кинескиот пазар е многу мал во споредба со можности со кои ние располагаме , – оценува Векселберг.
И двете страни ги преземе сите потребни чекори кои треба да придонесат до понатамошно стимулирање на научно-техничка соработка. Конкретно, Кина наскоро ќе отвори претставништво во Фондот “Сколково”, кое ќе се занимава со промоција на руски иновативни производи во кинескиот пазар. Од друга страна, Русија ќе отвори претставништво на кинеските компании кои се вклучени во голем проект “Патот на свилата”.