Завршена е правната процедура со која грчката “Пиреа банка” ги продаде 98,83% од акциите во нејзината албанска подружница, Тирана банка, на албанската инвестициона група “Балфин” и на Комерцијална банка АД Скопје, членка на Македонско-руската стопанска комора.
Договорот ги доби потребните одобренија од надлежните регулаторни тела во Албанија, вклучувајќи ја и онаа од Централната банка на Албанија, како и од Грчкиот фонд за финансиска стабилност, соопштија од грчката банка.
Вкупната трансакција изнесува 57,3 милиони евра. Комерцијална банка, во берзанското соопштение во август објави дека Балфин ќе го поседува мнозинскиот удел во Тирана банка по купувањето. Тирана банка ќе продолжи да работи како посебен ентитет, додаде Комерцијална банка.
Основана во 1996 година, Тирана банка беше првата приватна банка која започна со работа во Албанија. Функционира со 39 филијали и 71 банкомати низ целата земја.
Инвестициското портфолио на Балфин изнесува 1,4 милијарди долари, со инвестиции во Албанија, Македонија, Косово, Босна, Црна Гора, Австрија и Обединетото Кралство. Комерцијална банка е најголем кредитор во Македонија, со средства поголеми од 1,7 милијарди евра.
Комерцијална банка АД Скопје, како резултат од работењето во 2018 година, оствари добивка по оданочување во износ од 1.780.292.168 денари.