Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по тринаесетти пат ја награди Комерцијална банка, членка на Македонска-руска стопанска комора, како најактивен учесник во ЕБРД ТФП (EBRD TFP – Trade Facilitation Program) програма за унапредување на меѓународната трговија во глобални рамки.
Наградата се доделува еднаш годишно и се однесува на обемот и квалитетот на издадени акредитиви и гаранции со цел поддршка на надворешната трговија. Преку оваа програма вработените имаа можност да ги сертифицираат своите специфични знаења со полагање на испити (7 модули) од областа на меѓународната трговија и пракса. Воедно, тимот од Секторот за односи со странство постигна одлични резултати, признанија и промоција во својата фела.
Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за коминтентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува една од најтранспарентните и најреномирани банки во Република Македонија.
Наградата ќе биде и свечено доделена на ЕБОР бизнис форумот на 26. годишна средба на Одборот на гувернери во Кипар на 9 мај.