По повод прославата за 20 години од основањето на Македонската берза беа доделни награди на неколку компании. Меѓу најстарите членки на Македонската берза е Комерцијална банка АД – Скопје, инаку и членка-основач на Македонската берза. Банката како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност е присутна од 1998 година. На Годишната конференција на Македонската берза, на големо задоволство на комитентите и корисниците на услугите на Банката и на брокерското друштво, беа наградени со 3 награди и едно признание:

-Награда за котирано друштво со најголем остварен промет во изминативе 20 години од постоењето на Македонската берза за хартии од вредност. Наградата се доделува за тоа што во изминативе 20 години  се истргувани вкупно 4.116.118 акции од КМБ во 39.096 трансакции, со што е остварен најголем промет од сите друштва во висина од 16.799.393.903 денари.

-Награда за членка со најголем број трансакции и со најголем промет во изминативе 20 години од постоењето на Македонската берза за хартии од вредност.

Во изминатите 20 години, преку членката КБ се направени вкупно 179.304 трансакции со што е остварен вкупен промет од 96.576.834.738 денари, односно 23,41% од вкупниот промет остварен на Македонската берза за хартии од вредност, што претставува и најголем промет споредено со останатите 34 членки на МБ.

-„Кристално ѕвоно“ за постигнато прво место за најтранспарентно котирано акционерско друштво на Македонската берза за 2015 година.

-Плакета за постигнато второ место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2015 година. (Комерцијална банка)