Поради големиот интерес и прашања од клиентите, Комерцијална банка, членка на Македонско-руската стопанска комора, соопштува дека почна интензивно да работи на концептите за репрограмирање на кредитната изложеност на фирмите и физичките лица кои ги исполнуваат критериумите пропишани од страна на Народната банка на Република Северна Македонија. Притоа, се работи на утврдување на прецизните мерки и начини на комуникација со клиентите со цел да се олесни финансискиот товар со кој се соочуваат или би можеле да се соочат како резултат на корона-кризата.
Уредбата на Владата на Република Северна Македонија за олеснување на сервисирањето на кредитите и други задолжувања на граѓаните и фирмите кон банките и штедилниците за време на кризата предизвикана од КОВИД-19 се уште не е објавена во Службен весник, односно се уште не е стапена на сила. Очекуваме тоа да се случи наскоро.
Комерцијална банка ги замолува клиентите да ја следат веб-страницата на Банката www.kb.com.mk каде во најкус можен рок ќе ги објавиме сите детали за ова прашање.(Комерцијална банка)