Компанијата „Вори“ од Гевгелија го освои златниот медал во категоријата „Најдобар производ“ на најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и во Југоисточна Европа „Продекспо 2017“ во Москва. Врвното признание следеше по освојувањето на вкусовите на бројните посетители и на стручните оценувачи на саемската манифестација која трае до 10 февруари 2017 година. Златниот медал е освоен за трите исклучително квалитетни производи – ајвар, тавче гравче и рижото.

Vori3

-Нашата компанија произведува конзервирани производи од овошје и зеленчук и други производи по сопствени рецепти и тие ги задоволуваат потрошувачите со префинет вкус. Тоа можевме да го почуствуваме и на саемот во Москва.Производите ги подготвуваме од одбрани еколошки производи од гевгелискиот регион и од Македонија и тоа посебно ги одушеви руските граѓани кои имаат можност да ги дегустрираат нашите врвни производи на Националниот штанд што Македонија го има на „Продекспо 2017“, – истакнува Јорданка Ристова, директор на „Вори“. – Нашата компанија е извозно ориентирана и речиси целосното производство е дизајнирано за пласман на странските пазари.

Vori6

Македонската храна и вино во Москва која је презентираат македонските компании од прехрамбениот сектор и од индустријата на пијалици, предизвика огромно внимание кај посетителите и што е уште позначајно кај руските увозници и дистрибутери, трговските ланци и најголемите маркети, како и кај другите деловни луѓе.
-Со добиениот златен медал за „Вори“ шиероко и се отвараат вратите и на рускиот пазар. Тоа се однесува и на другите македонски компании од овој сектор и за винариите, за кои руските деловни луѓе изразуваат огоромен интерес и кој очекуваме да финализира со конкретни договори и натамошно зголемување на македонскиот извоз на овој пазар. За годинава очекуваме македонскиот извозот во Руската Федерација да биде со поголем раст од минатогодишниот кога порасна за 39,5 отсто, – истакна Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонска-руска стопанска комора, во чија организација и со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија се реализира настапот во Москва.

media-share-0-02-05-4a91fbf1ce003bf699d476ce8be995410744b2a47cb7cf5052c980912324018f-Picture

Во „Експоцентарот“ во Москва на „Продекспо 2017“ на 100.000 квадратни метри своите производи ги излагаат над 2.000 компании од 57 земји од светот со 27 национални штанда, меѓу кои е и македонскиот.Во таквата конкуренција значаен е успехот што го постигна гевгелиски „Вори“ со освојување на врвното признание.
                                                                                     Саво Пејчиновски