Предлог-законот кој воведува  национална  криптовалута – крипторубља, како средство за плаќање во Руската Федерација, е поднесен до Државната дума.
-Амандманите предложени во нацрт-законот  воведуваат и  уредуваат  дигитално финансиско средство како законско средство за плаќање на територијата на Руската Федерација, – се вели во објаснувањето на законското решение.
Предлог-законот беше поднесен од страна на пратеникот на Комунистичката партија, Ризван Курбанов. Се наведува дека валутата ќе биде во оптек под името „Крипторубља“.
Всушност,  предложени се  амандмани на Граѓанскиот законик на Русија,  со што криптовалутата ќе стане легално платежно средство во целата земја. Предлог-законот беше доставен до Парламентот во исто време како и друг нацрт-закон со кој се  регулира   рударството и прометот  на дигитални финансиски средства  во Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин побара  во ноември минатата година прашањето за националната криптовалута  целосно да биде регулирано од страна на владата.  Воведувањето на крипторубљата   значи дека сите други криптовалути во земјата ќе бидат забранети, истакна тогаш  министерот за комуникации на Русуја, Николај Никифоров. Финансиските операции со крипторубљата  ќе се оданочуваат по стапка од 13% од добивката. Никифоров, исто така, истакна дека крипторубљите  ќе бидат присутни и на меѓународниот пазар.