Еден од најтешките проблеми меѓу Руската Федерација и Европската Унија е состојбата со испорака на гасот. После суспендирањето на „Јужен поток“ и влошувањето на односите со Турција, се создаде вакуум во сфаќањата што ќе се случува понатаму со испораката на гасот кон југозападниот правец.
Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, во интервју што го даде деновиве за „Спутник“ зборува и за тоа што ќе се случува понатаму со проектот „Јужен поток“:
-„Јужен поток“ го затвори Европската комисија, којашто имаше непримерен притисок врз членката на ЕУ – Бугарија. Попатно, Турција немаше врска со ова, иако во тоа време Турците формално не ги издадоа потребните дозволи за користење на гасот исклучиво за своја економска зона, бидејќи тие во тоа време немаа влада.
Но, всушност, „Јужен поток“ го затвори Европската комисија. Јужниот правец , сепак, не е отпишан. И некаде во февруари годинава „Газпром“ заедно со италијанскиот „Едисон“ и со грчката компанија ДЕПА, потпиша Меморандум за разбирање со намера за можна реализација на проектот за испорака на гас по дното на Црно Море, преку некоја трета земја до Грција, а потоа во Италија.
Јасно е дека мора да постои трета земја, бидејќи Грција не излегува на Црно море. Ако нашите партнери ја потврдат својата заинтересираност, вели Лавров, „Газпром“ е подготвен да почне да работи на проектот. И секако, ние сме уверени дека „Северен поток 2“ исто така ќе го зголеми снабдувањето на Европа со енергенси и ќе ја потврди нејзината енергетска сигурност.
Овој проект е чисто комерцијален и околу него се собрани поголем број западни компании: „Винтершал“, „Е.Он“, „Енџи“, австрискиот ОМВ, и обидот „„Северен поток 2“ да се блокира е од исклучиво политички карактер. Со ова се занимаваат Американците, кои преку своите посебно блиски пријатели во НАТО, се обидуваат да создават тешкотии.
Но, повторувам, ова е чисто комерцијален проект, и тоа го изјави и врвот на Германија, како земја чии што компании се заинтересирани за овој проект. „Шел“ исто така, се наоѓа во оваа група.
Сергеј Лавров потсетува дека и „Северн поток 1“ во свое време Европската комисија го призна како приоритетен проект, па така кон сето ова тешко ќе може да се прифати друга позиција. Инаку, кај јужниот правец треба да се вклучат интерконектори помеѓу Грција и Италија, кои Европската комисија веќе ги ставила на листата на проекти од национален интерес. После ова, тешко ќе може да има ослободување од овој проект, доколку опцијата со јужниот правец го пранајде практичниот облик и можност за реализација.
На прашањето на „Спутник“ кои се тие трети земји, министерот Лавров вели дека е тоа прашање на „Газпром“ и дека во овој случај се важни комерцијалните аспекти и, секако, логистиката:
-Европската комисија нема никакви аргументи да ја блокира втората варијанта на „Северн поток“, ама секогаш може да пронајде политички причини!