Само 1 отсто од туристите што ја посетиле Република Македонија во јуни годинава биле од Руската Федерација. Во земјава, имено, престојувале 506 руски туристи, кои во просек се задржале по три дена во македонските туристички центри и оствариле 1.625 ноќевања.
Најбројни меѓу странските туристи во јуни се Турците 8.298, следат Србијте со 6.150, Грцијте со 3.294, Бугарите со 3.110, Полјаците со 1.552, Германците со 1.462…
Странските туристи најмногу ги посетувале езерските места и Скопје. Бројот на туристи кои ги посетиле езерските места изнесува 20.098 и Скопје го посетиле 18.797 странски туристи.
Ова го покажуваат штотуку објавените податоци на Државниот завод за статистика на Република Македонија. Инаку, вкупниот број на туристите во јуни 2016 година што престојувале во Македонија изнесува 71 813 и тие оствариле 171 861 ноќевања.
Бројот на туристите во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е зголемен за 0.6%, а бројот на ноќевањата е намален за 1.7%.
Бројот на домашните туристи во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е зголемен за 1.7%, а бројот на странските туристи е зголемен за 0.2%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е намален за 1.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 1.6%.
Во периодот јануари-јуни 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10.2%, а кај странските има зголемување за 7.9%.
Во периодот јануари-јуни 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 8.5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13.8%, а кај странските има зголемување за 5.4%. (Државен завод за статистика)