Вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија во 2016 година изнесува 610 227 тони. Споредено со 2015 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2016 година бележи намалување од 1.6 %.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 160 290 тони или 26,2% од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 512 657 тони или 84 % се собрани од домаќинствата, а останатите 16% од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Според видовите на отпад, најголемо количество на собран отпад е измешан комунален отпад, 543 644 тони или 89%, а најмало количество е отпад од гума, 656 тони или 0.1% од вкупното количество собран комунален отпад.

Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2016 година изнесува 796 585 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2016 година изнесува 376 кг по жител што е за 1.1 % помалку отколку во 2015 година.

Најголемо количество на собран комунален отпад (99.4%) се отстранува на депонија.(Државен завод за статистика)