Вкупните девизни резерви на Република Македонија во 2016 година достигнаа износ од 2,61 милијари евра. Ова го покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Еден месец претходно, до крајот на ноември, државните девизни резерви биле на ниво од 2,55 милијарди евра или 62 милиони евра помалку во однос на декември.
Во однос на истиот период 2015 година, девизните резерви се повисоки за 351,6 милиони евра.
Вредноста на монетарното злато на крајот на 2016 година изнесувало 243 милиони евра, што е за 5,1 милиони евра по малку во однос на претходниот месец.
На крајот на декември 2015 година, монетарното злато било на ниво од околу 212 милиони евра.
Хартиите од вредност на крајот на 2016 година достигнале 210 милијарди евра, што е 46,3 милиони евра помалку во однос на ноември.
На крајот на 2015 година, вкупните хартии од вредност биле на ниво од 1,75 милијарди евра.
На сметката на валути и депозити заклучно со 31.12.2016 година се прокнижени 264 милиони евра.