Индексот на индустриското производство во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 105.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи опаѓање од 5.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 15.4%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 12.5%, Капитални производи за 34.5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 57.3%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2016 година, во однос на периодот јануари – јули 2015 година, изнесува 105.6.
(Државен завод за статистика)