Индексот на прометот во индустријата во Република Македонија во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 109.3.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни 2017, во однос на јуни 2016 година, бележи опаѓање од 4.6%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 13.0%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи пораст од 1.2%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9.6%.
Според главните индустриски групи, прометот во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.8%, Капитални производи за 9.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.7%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.2%.
Индексот на прометот во индустријата во јуни 2017 година, во однос на мај 2017 година, изнесува 97.3, додека во периодот јануари-јуни 2017 година, во однос на периодот јануари-јуни 2016 година, изнесува 109.1.( Државен завод за статистика)