Индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 102.4.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи опаѓање од 0.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.5%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0.7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.2%, Капитални производи за 15.8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.5%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на периодот јануари – јуни 2016 година, изнесува 100.8. (Државен завод за статистика)