Македонската трговска размена со Руската Федерација во првите четри месеци од годинава пораснала за три патти, но извозот на македонските компании во оваа земја е за повеќе од четвртина помал отколку во истиот период од ланската година! Притоа, увозот од Русија пораснал дури за четиристотини отсто! Еве ги и контретните бројки.
До крајот на април македонските и руските компании истргувале стока во висона од 195,3 милиони САД долари (лани во истиот период 66,3 милиони САД долари).Оваа сума е за малку пониска од вкупната ланска трговија меѓу двете земји.Порастот во проценти изнесува 294,3 отсто.
Опаѓа македонскиот извоз во првите четри месеци од годинава, кој изнесувал 16,4 милиони САД долари (лани во истиот период 22,3 милиони САД долари). Опаѓањето процентуално изнесува 26,5 отсто.
Во обемот на трговската размена највисок е скокот на македонскиот извоз од Русија, кој пораснал дури за 406,8 отсто.Компаниите од земјава купили стока во висина од 178,8 милиони САД долари (лани 43,9 милиони САД долари).
Ваквите бројки во трговската размена меѓу двете земји предизвикаа висок скок на хроничниот македонски трговски дефицит со Руската Федерација кој стигнал до суматат од 162,3 милиони САД долари.
Во овој период од годината Руската Федерација стана 9 трговски партнер на земјава.
Инаку, според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот обем на трговската размена со светот на Република Северна Македонија ја достигнал бројката од над 7,2 милијарди САД долари.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 2,9 милијарди САД долари и бележи пораст од 6,4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4,3 милијарди САД долари, што е за 17,7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 1,44 милијарди САД долари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – април 2022, изнесува 66.8 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во периодот јануари – април 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.