Царинската управа на Република Македонија во првите пет месеци од 2017 година оствари за 9,6 отсто повисоки приходи од тој период во 2016 година и тие изнесуваат 30,5 милијарди денари.
По остварениот највисок приход во своето 25-годишно постоење како независен државен орган и во 2017 година го задржа трендот на успешна наплата на давачки во своја надлежност.
Во првите пет месеци од годинава наплатени се давачки по видови во следниот износ:
Наплатата на ДДВ заклучно со 31 мај 2017 година изнесуваат 18,2 милијарди денари што е за 13 проценти повеќе во однос на тој период лани. Приходите од царина се 2,1 милијарди денари што е за 9,2 отсто повеќе од наплатата во тој период лани, акцизите изнесуваат 9,9 милијарди денари што е за 4,2 отсто повеќе и приходите се во износ од надоместоците за 250 милиони денари или за 5,7 проценти.
Царинската управа на Република Македонија очекува да го исполни и да го надмине планот за наплата на давачки за 2017 година.( Царинска управа на Република Македонија)