Индексот на индустриското производство во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, изнесува 95.6.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи опаѓање од 21.1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 20.4%.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи пораст кај Трајни производи за широка потрошувачка за 77.3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 25.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2%, Капитални производи за 7.5% и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 2.6%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2016 година, во однос на периодот јануари – јуни 2015 година, изнесува 105.6.

Индексот на бројот на работниците, пак, во индустријата во јуни 2016, година во однос на јуни 2015 година, изнесува 99.7.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи пораст од 2.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.4%. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 1.0%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4%,

Капитални производи за 8.7% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.2%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-јуни 2016 година, во однос на периодот јануари-јуни 2015 година, изнесува 101.1.

                                                                                                 (Државен завод за статистика)