Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 1 082 388 илјади САД долари и бележи пораст од 42.9 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 395 820 илјади САД долари, што е за 34.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 313 432 илјади САД долари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 77.5 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Обем на размената, I-II 2018 | Покриеност на увозот со извоз |
124 190 274 илјади денари | 77.5 % |
2 016 597 илјади евра | 77.5 % |
2 478 208 илјади САД долари | 77.5 % |