На овогодишното пролетно оценување на престижниот натпревар за вино „Мундус Вини“ кој по 26-ти пат се одржа во Нојштад, Германија, 268 експерти за вино од 54 земји оценуваа околу 7.500 вина кои потекнуваат 45 земји. Македонските вина забележаа значителен успех со вкупно освоени 42 награди од кои 29 златни медали и 13 сребрени.

Ова преставува своевиден рекорд за македонските вина во освоени награди на поединечен натпревар за вино каде скоро 70% од регистрираните вина од нашата земја се закитија со медал. Со најголем број на освоени награди се закитија земјите од стариот вински свет: Италија, Шпанија, Франција, Португалија и Германија.

Во насока на промоција на винската индустрија од земјата, Здружението „Вина од Македонија” во рамките на „Мундус Вини“ организираше „Мастерклас“ презентација за македонските вина со фокус на вина од сортата „вранец“, пред повеќе од 140 вински судии од цел свет. Овој настан, кој беше и финансиски поддржан од Министерството за земјоделство преку „Програмата за рурален развој 2020“, беше оценет како една од најдобрите презентации на нашето вино на интернационалните пазари.

На натпреварот, 10 македонски винарници освоија награди меѓу кои и винарија Далвина со 9 златни и два сребрени медали преставува најуспешната македонска винарница која освои 4 златни и еден сребрен медал.

На листата се најдоа и винарницата „Стоби“ освои 6 златни и 1 сребрен медал, винарницата „Камник“ се закити со 5 златни и 1 сребрен медал „Тиквеш“ со освоени 4 златни и 3 сребрени ја продолжи низата на најнаградувана македонска винарницата во изминатите години. Винарница „Попов“ исто така се најде на листата на наградени винарници со освоени 2 златни и 2 сребрени медали,а по еден златен медал освоија вината од винарниците „Венец“, „Сопот“ и „Лазар“, а со сребрени медали се закитија и 3 вина на винарница „Бовин“ и 2 вина на винарницата „Имако“.

Радува фактот што 15 вина од македонските вина се со освоени награди за 100% вино од сортата „вранец“, а 10 вина се купажи од  „Вранец“ со други сорти. Вранецот е сортата на вино преку која македонските винарници и Здружението Вина од Македонија го градат брендот и имиџот на македонското вино на интернационалните пазари. Нашата земја располага со најголеми површни на лозови насади кои достигнуваат речиси 11.000 хектари, што преставува близу 40% од вкупниот број на лозови насади во нашата земја.