Македоноските градежни компании целосно ги снема од големиот руски пазар на кој некогаш беа силно присатни.Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека градежната оператива во првото полугодие од годинава бележи намалување на вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, но и на вкупната вредност на извршените градежни работи надвор од границите на земјава. Притоа, меѓу таргетираните пазари на кои планира да работи и на кои досега е ангажирана годинава ја нема Руската Федерација. На овој пазар не е навестен, ни остварен ниту еден долар!
Државниот завод за статистика соопштува дека во периодот јануари-јуни 2016 година, вкупната вредностна договорените градежни работи во странство изнесува 2 583 557 илјади денари (46,2 милиони долари) што е за 21.7% помалку воспоредба со истиот период од претходната година.
Истовремено, во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 961 396 илјади денари (17,2 милиони долари) што е за 11.0% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Зголемен обем на извршените градежни работи се бележи во Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Германија додека на другите пазари е регистриран намален обем.