Во периодот јануари-март 2017 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2 265 602 илјади денари што е за 14.1% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 365 475 илјади денари што е за 139.1% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија, Босна и Херцеговина и Германија.
Вредносните податоци за периодот јануари- март 2017/2016 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 58.3258 денари.( Државен завод за статистика)