Во август 2016 година продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.2% на месечно ниво, односно за 0.3% на годишно ниво.
Во август 2016 година, во споредба со јули 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6%, Енергија за 0.4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.2%.
Во август 2016 година, во споредба со август 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 6.5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.0%, Енергија за 1.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%. (Државен завод за статистика)