Македонските и руските компании до крајот на октомври истрагуваа стока во вредност од близу 177 милиони САД долари (176,9 милиони САД долара).На рускиот пазар од земјава се извезени производи во вредност од 47,3 милиони САД долара. Увозот од Руската Федерација е нешто повеќе од  два ипол пати повисок од сумата што е извезена – 129,6 милиони САД долара.

            За десет месеци земјава бележи трговски дефицит во трговијата со Русија во висина од 82,2 милиони САД долари.

Инаку,според претходните податоци на Државниот завод за статистика, Република Северна Македонија  во периодот јануари – октомври 2021 година остварила вкупен обем на стоковна размена со странство во висина од 16,1 милијарда САД долари.

Притоа, вкупната вредност на извозот на стоки од земјава изнесувал 6,8 милијарди САД долари и бележи пораст од 29% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесувала 9,3 милијарди САД долари, што е за 34.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2021 година, изнесувал 2,4 милијарди САД долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2021, изнесувал 73.3 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

 Во периодот јануари – октомври 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.