Во првите три месеци од годинава македонските компании го зголемили пласманот на своите производи во Русија за дури 53,6 отсто.На овој пазар во периодот од јануари до крајот на март се продадени производи во износ од околу 19 милиони евра, додека во истиот период лани извозот изнесувал 12,3 милиони САД долари.
Во истиот овој период, пак, опаѓа и вкупната размена и увозот од Русија.Македонските компании од оваа земја набавила стоки во висина од 115,1 милиони САД долари (лани во истиот период 125,7 милиони САД долари). Тоа е опаѓање од 8,5 отсто.
Ваквите движења придонесоа вкупната стоковна размена меѓу Република Севарна Македонија и Русија за првото тромесечие да изнесува 134,1 милиони САД долари (лани 138,1 милиони САД долари), што е намаливање за 2,9 отсто.
Трговскиот дефицит на земјава во размената со Русија изнесува 96,1 милиони САД долари.
Во овој период од годинава Русија е десети трговски партнер на Република Северна Македонија.
Активности МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ДО КРАЈОТ НА МАРТ ГО ЗГОЛЕМИЛЕ ИЗВОЗОТ ВО РУСИЈА ЗА...